Кога е идеално време за доручек, ручек и вечера?
Кој јаде во оптимално време и ги задржува рутините има подобро варење и го стимулира метаболизмот да работи побрзо, покажало истражувањето на британската компанија Форца на примерок од 1.000 луѓе . Според добиените резултати,појадокот е од суштинско значење за брзо губење на тежината , а оптимално време за првиот оброк во денот е седум часот и 11 минути. За ручекот идеално време е , 12:30 до 13 часот , додека вечера покасно од 18:30 часот е проблем за било каква диета , велат експерти. Повеќе од 84 отсто од луѓето кои успешно изгубиле од тежината, оброците ги јаделе во точно одредено време додека пак прескокнувањето на оброк се покажало како лоша варијанта. Гладувањето предизвикува јо-јо ефект – брзо губење на килограмите и нивно брзо враќање.
Повеќе од три четвртини од луѓето тврдат дека лесниот ручек и не е најдобра идеја за оние на диета, затоа што тоа предизвикува глад и прејадување за вечера.
– Појадок како крал , ручек како принц и вечера како просјак е стара поговорка која навистина функционира, велат од компанијата Форца.