Д-р Мими Кимовска Христова: Ова е се само не е воздух каков треба да дишеме!

Ова е се само не е воздух каков треба да дишеме. Вака доктор Мими Кимовска Христова, педијатар и член на коалицијата О2 за чист воздух ја опишува денешната состојба во главниот град, но таа веќе 4 години постојано алармира и предупредува за зголемената аерозагаденост и штетните последици кои ги чувствуваме сите и на социјалните мрежи и преку еколошките здруженија.
-Ова е се само не е воздух, смог измешан со зголемено ниво на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички, изјави д-р Мими Кимовска Христова, педијатар и член на Коалицијата О2 за чист воздух.
Според д-р Кимовска Христова, научни студии докажале дека штетните ПМ честички се причина за сериозни болести меѓу кои и малигни заболувања, предвремени породувања и бебиња родени со мала тежина.
-ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот, додаде д-р Кимовска Христова.
Таа препорачува при ваква алармантна загаденост на воздухот надлежните најитно да обезбедат прочистувачи на воздухот пред се во институции каде се згрижуваат деца, а на населението да им се поделат соодветни заштитни маски. А најдобра заштита е кога е екстремно загадено да не се излегува надвор и да не се спортува на отворено.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.