Градоначалникот на Скопје најави дека идната година ќе биде решен проблемот со загадувањето кое го предизвикува загревањето на домакинствата!
Во период кога загадувањето во главниот град е десет пати над дозволеното, а скопјани и преку ден и навечер дишат загаден воздух, градоначалникот Петре Шилегов најави дека идната година ќе биде решен проблемот со затоплувањето во домакинствата кои во сите студиии се посочени дека се меѓу најголемите загадувачи. Според Шилегов се работи за системски проблем.
– Не можете да имппровизирате на тоа поле или треба да направите добро организиран систем и начин на замена или нудење на алтернатива на затоплување на домовите или не треба да работите ништо . Работиме на развој на концепт. Сепак разберете дека 40-тина денови се поминати откако оваа градска администрација го води градот. Очекувам до наредната грејна сезона на скопјани или на дел од скопјани дека ќе им понудиме алтернативен начин за затоплување на нивните домови кој е еколошки поприфатлив, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.
По најавите дека ќе ја тужат Македонија во судот во Стразбур и ќе ги и9звестат сите меѓународни институции поради скратување на човековото право за чист воздух, граѓанската иницијатива О2 на синоќешната средба со премиерот Заев во Владата добиле ветување дека државата ќе издвои повеќе пари за животната средина.
– Се согласивме дека буџетот нема да биде цел на краен договор, но во моментот кога ќе бидат дефинирани нови и соодветни квалитетни решенија, Владата ќе направи релокација на средства или ребаланс на Буџетот во интерес на заштита на животната средина, со цел да не постои финансиска пречка за реализација на квалитетни еколошки мерки, стои во соопштението од граѓанската иницијатива О2.
Слично соопштение за неколкучасовната средба испратија и до Владата во кое исто така посочуваат дека со еколошките здруженија детално разговарале за 16-те жешки точки кои ја загрозуваат животната средина во земјава. Се разгледувале и мерките за решенија меѓу кои гасификацијата, десулфуризацијата, зголемување на зелените површинини во градските средини.