Нови случаи со симптоми на труење во Гостивар!
Околу 60 нови случаи со симптоми на труење биле пријавени синоќа во болницата во Гостивар. Од министерството за здравство ја потврдуваат бројката и велат дека се уште се прават испитувања за можните причинители за ваквата состојба. Здравствените власти уште еднаш потенцираат дека храната дефинитивно не е извор на труење, бидејќи според епидемиолошките и другите спроведени мерки, луѓето не конзумирале храна од исто место.
Во последните три дена околу 400 луѓе побарале помош во гостивaрска болница, со стомачни болки, дијареја и повраќање. Само во текот на вчерашниот ден 110 пациенти со истите симптоми побарале лекарска помош.
Од Центарот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите, кои ќе ги добијат од подрачниот Центар за јавно здравје, доколку има потреба Инспекторатот ќе издаде решение со конкретни мерки.