Јадете марула и спасете се од несоница!

Марулата е една од најпопуларните зелени салати, не само поради неверојатниот вкус, но и поради огромната полза за здравјето на човекот. Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К. Таа е богата и со минерални соли, лутеин и со бета-каротен. Изобилува и со витамин Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува во својот состав и други неопходни материи за организмот, меѓу кои витамин А, Б6, ликопен и калиум.

Кога купувате марула, одберете ја најсвежо зелената со цврсти листови, без кафеави точки на листовите или на стеблото.

Марулата покрај прекрасниот вкус што го дава приготвена како салата, наоѓа примена и како средство за решавање на бројни тегоби.

Марулата е полезна за третманот против несоница. Таа содржи супстанца што го „повикува“ сонот. Сокот од ова растение дејствува како седатив со пропратна возбуда. Семето од марула земено како екстракт е, исто така полезно, против несоница. Една кафена лажичка од оваа семе ќе ви помогне да се изборите со несоницата. Рецептот се состои од една мала лажичка од ова семе кое се зоврива во половина литар вода, се додека водата не се разреди на една третина. Потоа течноста се остава малку да се излади, се процедува и се пие пред спиење.

Марулата е, исто така, корисна за спречување на опаѓање на косата. Смесата од марула и сок од спанаќ се верува дека е полезен лек за помагање на растот на косата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.