Јогата ја намалува опасноста од аритмија на срцето

Јогата ги намалува депресијата и вознемиреноста, ја зајакнува самодовербата и ја намалува опасноста од срцева аритмија кај лицата кои страдаат од неа, покажуваат резултатите од едно американско истражување.

Во истражувањето учествувале пациенти кои имаат аритмија на срцето, а кои никогаш претходно не се занимавале со јога.

Првите три месеци пациентите правеле вежби по сопствен избор, а следните три месеци морале барем три часа неделно да практикуваат јога со инструктор. Освен тоа, биле поттикнувани да вежбаат јога и дома.

Веднаш потоа, нападите на аритмија кај испитаниците се намалиле дури за 50 отсто.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.