Кои лекови е подобро да ги пиете само ноќе?
Многу популарни лекови подобро е да се земаат ноќе, тврдат научниците.
Тие тврдат дека популарните лекови како мали дози на аспирин се значително поефикасни доколку времето на нивното земање се усогласи со природниот ритам на телото.
Научниците покажаа дека со индивидуалните гени управува внатрешен часовник на телото, и оти тие повеќе или помалку се активни во одреден период во денот.
Тие открија дека половина од сите гени кај глувците работат понапорно во текот на 24-часовниот циклус од другите, а врвот на нивното делување е пред самракот и зората.
Иако студијата е спроведена врз глувци, поголемиот дел од гените на глувците имаат свои „близнаци“ кај луѓето. Многу вообичаени лекови се фокусираат на овие гени и со самото тоа би требало да бидат најефикасни тогаш кога гените се најактивни.
Ова посебно е важно кога во прашање се лекови како аспирин кои телото брзо ги разложува.
При тоа, 119 од 250 лекови на листата клучни лекови на Светската здравствена организација би можеле подобро да делуваат во одредено време од денот.
Иако е потребно уште подетално истражување, научниците веќе сега знаат дека мали дози на аспирин треба да се земаат ноќе.
На тој начин се грижиме лекот да има доволно време да работи до утрото – кога се случуваат најголемиот број срцеви удари. Од друга страна, лекот симвастатин, еден од најчестите користени лекови за намалување на холестеролот, исто така би требало да се земаат пред спиење.
Тоа е поради тоа што овој лек го блокира клучниот чекор во продукцијата на холестеролот, а генот кој стои зад тој чекор е најактивен навечер.
Ниските дози аспири делуваат така што крвта ја прават помалку леплива, а постојат истражувања каде е докажано дека срцевите напади се случуваат наутро, така што намалувањето на густината на крвта до утрото би можело да спречи срцеви напади.