Пијте масло од тиква и збогувајте се со килограмите!
Во последно време, често се потенцираат придобивките од маслото од тиква кое особено помага во борбата со килограмите.
Се добива со процес на цедење на семките од тиквата на начин на кој се задржуваат сите нејзини корисни својства.
Богато е со витамини А и Е, а неговиот состав успешно ги разградува мастите во телото, особено на проблематичните делови: задникот, бутините и стомакот.
Освен тоа, ги отстранува токсините и го подобрува лимфниот состав.
На кој начин да го користите маслото од тиква за да ослабете:
Консумирајте го на празен стомак
Ако сакате да ослабете, најдобро е да консумирате ладно масло од тиква, и тоа по една лажица наутро, на празен стомак, 15 минути пред појадокот.
Ако не ви се допаѓа вкусот на чистото масло, можете да го измешате со мед.
Консумирајте масло од тиква три недели, а потоа направете пауза од еден месец. На овој начин можете да изгубите и до 5 килограми.
Ако не сакате да го пиете маслото или да го комбинирате со мед, користете го при подготовка на салата.
Идеално би било да додадете неколку лажички во салата од зеленчук со варено месо.
Ова може да ви биде вечера во период од три недели, а потоа паузирајте две недели. На овој начин се губат околу 4-5 килограми.