Секој петти граѓанин во Македонија гладува!

Секој петти човек во Македонија нема пари за јадење, а само по еден оброк дневно имаат околу 445.000 граѓани во земјава. Едвај преживуваат 9 проценти од лицата кои се вработени. Овие загрижувачки статистички податоци на меѓународниот ден за борба против сиромаштијата ја наметнуваат потребата од итно системско решение за помош и подршка на овие луѓе. И додека се чекаат конкретни мерки од надлежните државни институции на терен најактивни се невладините организации и Црвениот крст. И денеска преку организаирана акција собираа храна за најранливите. Уверуваат дека прехранбените продукти ќе завршат во рацете на оние на кои најмногу им се потребни.
Од министерството за труд и социјала велат дека си поставиле за цел до 2020 година процентот на сиромаштија од 21,5 да се намали на 16 проценти. Ова ќе го реализирале со низа мерки наредниот период меѓу кои кратење на непродуктивните трошоци и вработување на сиромашните луѓе.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.