Гените го контролираат почетокот на менопауза

Британски научници идентификувале делови од ДНК кои го контролираат времето за почетокот на менопауза.

Новите наоди можат да доведат до развој на тестови за плодност или предвидување за почетокот на менопауза, сметаат истражувачите од универзитетите во Ексетер и Кембриџ.

Според научниците, клучни се гените задолжени за „поправки“ кои организмот ги спроведува самостојно, без надворешни влијанија.

Засега истражувачите издвоиле два такви механизма – едниот, кој ги извршува потребните „поправки“ при формирање на јајце клетките и другиот, кој ги решава оштетувањата предизвикани од пушење или конзумирање алкохол, што влијае врз бројот на корисните јајце клетки и почетокот на менопауза.

Во истражувањето се користени податоци од ДНК за околу 70 илјади жени.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.