Видео: Како канабисот ги убива клетките на ракот?

Сигурно на повеќе места сте прочитале за терапевтското дејствување на канабисот и неговата способност да го излекува ракот. Се појави снимка на која се гледа како THC ги убива клетките на ракот не доведувајќи го притоа прашањето за опстанокот на здравите клетки.

Паул Аремнтано, аналитичар на Националната организација за реформирање на законот за марихуана (NORML), наведува дека канабиноидите им даваат надеж на сите оние што боледуваат од рак.

Првиот навод за тоа се појавил во 1974 година, но дури сега медиумите почнаа да се интересираат за оваа тема.

Во текстот на „Вашингтон пост“ од 1974 година пишува:

„THC го има забавено ракот на клетките на белите дробови, ракот на дојката и вирусната леукемија кај лабораториските глувци продолжувајќи ги нивните животи 36 отсто“.

Во време кога тој текст беше објавен, насловите беа преполни со скандалот за Никсон и аферата „Вотергејт“, па веста остана некако во втор план.

Списанието на Национален институт за рак во 1975 година објави сличен текст, но ни тој не стигна во јавноста. За време на тоа истражување се идентифицирале 3 примарни компоненти на канабис – Delta 9 THC, Delta 8 THC и канабинол (CBN).

Сите овие компоненти докажано го спречуваат растот на специфичниот тумор во белите дробови.

„Испитувањето на животните, кои 10 дена по ред биле тестирани со делта – 9 – THC, покажало уште во првиот ден по убивањето на туморот дека растот е забавен. Слично било и кај глувците кои 20 дена по ред биле тестирани со делта – 8 – THC и CBN“.

Властите веќе со години стојат зад тврдењето дека канабисот нема медицинска вредност. Канабисот во моментот припаѓа во контролирани работи од прв ред, заедно со LCD, хероинот и екстазите.

Се смета дека овој вид дрога предизвикува зависност и дека нема никакво медицинско влијание.

Но, интересно е дека владата во САД има патент за медицинска примена на овие билки.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.