Какви жени сакаат мажите?

Сигруно сте забележале дека мажите и жените често имаат целосно различни погледи за „идеалниот партнер“. Додека жените бараат љубов и сигурност, на мажите им се важни други работи.

Порталот „Ред Кјупид“ направи истражување за да дознае на која возраст жените се најпривлечи за мажите и дали се менуваат нивните очекувања со годините, при што дојде до очекувани резултати. Имено, без разлика колку и да се стари мажите, повеќе претпочитаат жени на возраст од 20-тина години и сметаат дека тоа е идеална возраст за женскиот пол. Дури и маж од 50 години смета дека најдобро би се вклопил со убава жена на возраст на средината на дваесетите години.

Експертите велат дека објасунување за тоа е чиста биологија, бидејќи младите жени се по витални и плодни. Други пак, велат дека жената во дваесетите години полесно импресионира од жена која веќе има кариера и знае што сака од животот и партнерот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.