Зошто треба секојдневно да го четкате јазикот?

Ве ослободува од лошиот здив и бактериите

Главната причина поради која треба да го четкате јазикот е за да се ослободите од бактеријата халитоза, што предизвикува лош здив. Според едно истражување на стоматолозите најголемиот дел од бактериите во вашата уста живеат на јазикот и ако ги игнорирате бактериите на јазикот, тие ќе се размножат.

Ако е така оставена, оваа бактерија ќе се пренесе од јазикот на вашите заби и така залудно ќе ви биде четкањето кое штотуку сте го направиле на забите. Добро исчеткајте го јазикот и нема да мора да употребувате толку голем број бонбони и гуми за џвакање за освежување на здивот.

Го спречува расипувањето на забите

Како што споменавме, пренесувањето на бактериите од јазикот на забите ќе предизвика нивно разјадување и расипување.

Тоа на крајот може да доведе до распаѓање на забите и гингивитис.

Ги држи настрана стомачните болести

Ако секој ден се борите со варењето на храната, четкањето на јазикот може да биде решението што го барате. Истото важи и за вознемирените стомаци или стомачните чиреви.

Бактериите од устата, преку грлото, патуваат до стомакот. Ова може да предизвика непријатна киселина во некои делови од денот.

За да се ослободите од појавувањето на ваква киселина, четкајте ги забите и јазикот пред да јадете што било рано наутро. Кога јадете и пиете преку храната и пијалаците ги префрлате бактериите во стомакот.

Ги стимулира внатрешните органи

Јазикот рефлектира што се случува со вашите внатрешни органи. Одредени точки на јазикот може да се поврзат со специфични органи во телото.

Со гледањето на јазикот секојдневно и набљудување дали има разлики или воспаленија на одредени делови може да откриете што се случува во вашето тело.

Четкањето на јазикот секојдневно може да ги стимулира вашите органи, односно да даде резултати слични на акупунктура.

Му помага на имунитетот

Како што ја уништува бактеријата халитоза, четкањето на јазикот ги елиминира и другите бактерии што носат вируси и болести. Кога ќе почнете да чувствувате гребење на задниот дел од грлото, исчеткајте го јазикот и исплакнете го грлото.

Вашиот имунолошки систем ќе ви биде благодарен што сте ја спречиле болеста пред комплетно да нападне. Оралната хигиена ќе ви даде поблескава насмевка и посвеж здив, но и поздраво тело.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.