Овие професии предизвикуваат депресија!
Едно интересно истражување на Институтот за ментално здравје на Америка покажа дека околу 6.7 % од Aмериканците, односно повеќе од 20 милиони луѓе секоја година се соочуваат со депресија.
На неа влијае генетиката, годишното време, семејните проблеми како и работата.
Во 2014 година се покажа дека луѓето кои работат во јавниот превоз, градскиот сектор и јавните установи се најсклони на депресија. Студијата е направена на база на здравствените осигурувања на 214 илјади луѓе од Западна Пенсилванија кои биле вработени во 55 различни сектори.
Најмногу склоност на депресија имаат луѓето кај кои постои постојана интеракција со јавноста или со клиенти, вишок ниво на стрес и мала физичка активност. Вработените во производната индустрија, правниците, брокерите како и оние кои се занимаваат со станбени објекти се исто така многу склони на депресија.
Колку вие ја сакате вашата работа? Се надеваме дека овој текст ќе ве насочи да размислувате директно што сакате да работите и колку е тоа ваша лично исполнување!