Кој е повеќе љубоморен, мажите или жените?

Според истражувањето на американскиот Универзитет Чепмен, она што предизвикува љубомора не е исто кај двата пола…

Еволуцијата игра голема улога во тоа, покажа истото истражување.
Од кога постојат човечките врски, постои и љубомората, а интересно е дека припадниците на двата пола се љубоморни од поинакви причини. Претходните истражувања покажаа дека мажите повеќе се вознемирени од идејата за сексуално неверство дури и кога нема емоции, а жените се повеќе вознемирени од идејата за емоционално неверство дури и кога на пример не е вклучен телесен контакт.

Истражувачите од американскиот Универзитет Чепмен и УКЛА неодамна го повторија наведеното истражување и дојдоа до интересни резултати.

Истражувањето го спровеле во четири различни групи (хетеросексуални мажи и жени, како и хомосексуални мажи и жени), а според нивните резултати, објавени во магазинот Archives of Sexual Behavior, на горе наведената теорија држи вода. Повеќето хетеро мажи откриле дека идејата нивната партнерка да има сексуален однос со некого е понеприфатлива од прељуба која се темели само на емоции.
Значи, кој е виновен поради овие резултати? Всушност, велат научниците, се е зацртано во еволуцијата.

Еволуцијата на мажите диктира загриженост за тоа нивната ДНК да се пренесе на потомството! Значи, идејата за друг маж кој своите гени ќе ги пренесе на нивната партнерка од секогаш била, а очигледно се уште е многу вознемирувачка.

Од друга страна, жените имаат тенденција повеќе да се занимаваат со воспитување на децата, а како трајно отсуство на партнерот означува значително пониска стапка на преживување на потомството, емоционалното неверство претставува поголем фактор за ризик. Не е важно дали и колку мажот е отсутен, се додека на крај на денот се враќа и ја презема грижата за детето.

Секако, сето ова во денешниот свет звучи многу конзервативно, па оваа теорија треба да се земе предвид со голема резерва и поради некои други фактори кои не одредуваат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.