Внимавајте: Викендот температури до 37 степени!
Рекордно високи температури за овој период од годината најавени за викендот. Најтопло ќе биде во недела кога живата во термометарот ќе се искачи до 37-от степен. Иако сме во втората половина на септември, лекарите советуваат при вакви горештини следните два дена граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топло време. Посебно да внимаваат хронично болните зошто разликата меѓу ноќната и дневната температура ќе биде околу 20 степени.
После топлиот викенд од средината на идната недела ќе залади и темпертурите значително ќе опаднат. При вакви чести и нагли промени лекарите советуваат и здравите лица да го зајакнат имунитетот со витамини и здрава исхрана.
Според лекарите поосетливи на промените се лицата кои живеат и работат во градските средини зошто времето почесто го поминуваат во затворени простории и потешко се адаптираат на надворешната средина.