За подобро здравје наполнете го фрижидерот со пробиотици

Преминот од едно годишно време во друго е вистинско време за јакнење на имунитетот. Нутриционистите препорачуваат, покрај многу вода, овошје и зеленчук, во таквите периоди да се снабдите и со многу пробиотици кои се одлични за јакнење на имунитетот.

Пробиотичките пијалаци и јогуртите се познати како незаменливи намирници за добар метаболизам и јакнење на имунолошкиот систем. Нив задолжително вклучете ги во појадоците или вечерите, односно, уште подобро, со нив заменете го меѓуоброците кои до сега ви беа полни со шеќер (чоколатца, колачиња, печива…)

И уште. Научно е докажано дека пробиотиците успешно ги елиминираат стресот и чувствата на тегоби и затоа ги викаат пријатели на доброто расположение.

Истражувањето е спроведено на две групи глувци. На едната група им се давале пробиотици и тие биле многу посмирени и произведувале многу помалку стрес, за разлика од втората група кои не пиеле пробиотици.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.