Гласен секс – Да или не?!

Гласниот секс е одличен за вас и за вашиот партнер, а ова се само неколку причини зошто следниот пат треба да ги оставите инхибициите пред прагот на спалната соба:

Подобра комуникација со партнерот

Ако гласно ги искажувате пред партнерот вашите желби и чувства, тој ќе знае што сакате и дали го прави она што го сакате, а што прави погрешно. Ваквата комуникација дефинитивно ќе го подобри квалитетот на вашиот сексуален живот, но и ќе ја зацврсти вашата врска.

Гласен секс значи опуштен секс

Заборавете на комшиите, на отворениот прозорец, на сѐ. Сексот е здрава и природна работа и нема зошто да се воздржувате од уживање. Кога сте гласни, значи дека сте потполно опуштени, а тоа значи дека и потполно уживате.

Сосема поинаков начин на уживање

Кога целосно ќе се опуштите, тогаш целосно се препуштате на задоволството и партнерот е свесен дека уживате. И колку многу уживате. Воздишките и викањето  (секако, кога се искрени и вистински) се најточниот барометар за уживањето. Тоа дополнително ќе го стимулира партнерот, што значи: двојно уживање.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.