Се чекаат резултатите од обдукцијата врз двеипол годишното дете од Охрид – Таравари со морбиден статус на Фејсбук!

Се чекаат резултатите од обдукцијата која треба да даде одговор од што починала двеипол годишната Анастасија од Охрид. Во саботата дежурните лекари во охридската болница  првично и дијагностицирале вироза, по дадената терапија состојбата на детето се подобрила и го пуштиле дома. После неколку часа девојчето повторно било донесено во болницата без срцева акција во бесознание и со проширени зеници. Ја реанимирале час и половина, но без успех.

Целиот случај околу медицинскиот третман на пациентката го испитува и посебна комисија при министерството за здравство. Ако има лекарска грешка мора да се одговара изјави министерот за здравство

-Ако има лекарска грешка ќе мора да одговара, како секој доктор или здравствен работник. Очекуваме резултати од аутопсијата. И ја ќе инсистирам ако има грешка да одговара, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Паралелно друга комисија го испитува и случајот со смрттта на тројката на скопска гинекологија.

-Првичните резултати од аутопсијата покажале дека новороденчињата имале проблеми со белите дробови, додаде Таравари.

И додека јавноста чека одговори за смртта на 6 деца за 1 недела, попладнето министерот за здравство Арбен Таравари на својот Фејсбук профил објави морбиден статус споредувајќи починатите со иселените.

  • Здраво МВРО, пардон ВМРО,
    Не се 6 деца, туку 500 000 луѓе избегаа од Македонија во вашите 11 години…Напиша министерот Таравари на Фејсбук

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.