Црвеното вино може да го подобри сексуалниот живот!
Алкохолните пијалоци особено црвеното вино во умерени количини моат да бидат спас од многу болести.
Црвено вино може да биде лек за настинки, проблеми со срцето но и проблеми со либидото.
Научници од Харвард во текот на 12 години следеле 12.000 луѓе кои страдале од висок крвен притисок. Резултатите покажале дека мажите кои пијат црвено вино се со помала веројатност да доживеат срцев удар.
Овој алкохолен пијалок исто така штити од рак и жените кои пијат вино дневно имаат 42 проценти помал ризик од развој на рак на дојка.
Мажите кои пијат четири чаши неделно го намалува ризикот од развој на рак на простата , желудникот и дебелото црево.
Канадски истражувачи, пак, заклучиле дека луѓето кои пијат вино повремено имаат 13 проценти помали шанси за развој на дијабетес.
Алкохолните пијалоци исто така значително го подобруваат либидото и истражувањето покажало дека жените кои редовно пијат вино имаат повеќе исполнет сексуален живот.