Лути црвени пиперки за забрзување на метаболизмот!

Слабеењето често е под влијание на метаболизмот кој со староста слабее. Резултатите од најновото истражување покажале дека екстрактот од лути црвени пиперки може да го забрза и да помогне во борбата против вишокот килограми, пишува „Дејли експрес“.

Метаболизам е процес преку кој телото ги претвора во енергија храната и пијалоците. Со староста тој се забавува за меѓу два и четири проценти годишно. Ова објаснува зошто по одредена возраст борбата со вишокот килограми станува потешка.

Имајќи ја предвид епидемијата на дебелеење во Велика Британија, оваа студија може да се покаже како особено важна.

За нејзините цели, истражувачите набљудувале 40 здрави поединци.

Дел од нив земале екстракт од лути црвени пиперки во форма на додаток во исхраната, а останатите – плацебо. Научниците го истражувале влијанието на додатокот врз метаболизмот во мирување, сочинуваат околу 60 проценти од секојдневно изгорените калории.

Специјалистите утврдиле дека екстрактот од лути пиперки ја забрзува стапката на метаболизмот во мирување до еквивалент на горење на дополнителни 116 калории дневно. Тоа е еквивалентно на загубата на околу 450 грама масти за период од 30 дена.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.