Трик за постојано да имате кармин на усните!
Ако сакате да ви остане карминот подолго време тогаш има еден трик кој ќе ви помогне во тоа. Можеби ќе ви е мало малтретирање, но навистина вреди.
1.Направете мал пилинг со пешкир на усните. Намачкајте ги со лабело или гроздова маст. Ова е многу важно особено ако користите мат кармини, затоа што тие ја сушат устата.
2.После неколку минути кога усните ќе го впијат лабелото ставате креон во саканата нијанса.
3.Нанесете кармин.
4.Со хартиено марамче го вадите вишокот на кармин, тапкајќи по површината.
5.Со четка нанесувате беби пудра, но внимавате да не претерате.
6.Откако имате пудра, нанесувате уште еден слој кармин и да не се секирате карминот ќе е тука и за време на вашиот ручек.
Не се чудете зошто после крупен план во љубовните сцени карминот е се уште присутен, оваа тајна е од ерата на Холивуд уште во дваесетите години на минатиот век.