Сакате ли за 7 дена да изгубите 7 килограми?
Главното правило на диетата е строго да се придржувате кон распоредот во текот на една недела. Првиот ден се јаде само овошје, ама само она што во себе содржи многу вода, а бананите се строго забранети. Принципот на диетата е да се јаде храна со која ќе изгубите повеќе калории отколку што ќе внесете. Првите три дена се најстроги, па тогаш се губат најмногу килограми. Се препорачуваат 10-12 чаши вода во текот на сите денови.
Во текот на целата диета треба да се внесуваат од 1.000 до 1.200 калории на ден.
1 ден
Овошје, најмногу лубеница, а никако банани. Може да се јаде овошје во неограничени количини, но сепак не претерувајте.
2 ден
Дозволен е секаков зеленчук, свеж или зготвен, а забрането е овошје. Започнете го денот со печен компир за да ја внесете потребната дневна количина на јаглехидрати.
3 ден
Комбинирајте го овошјето и зеленчукот од првите два дена, но не јадете банани и компири.
4 ден
Во четвртиот ден дозволени се 8-10 банани и 4 чаши млеко.
5 ден
Јадете домати (најмногу пест) и голема порција кафеав ориз.
6 ден
Во текот на овој ден се јадат една порција кфеав ориз и зеленчук.
7 ден
За појадок се јаде кафеав ориз и чаша свежо цеден сок, а во остатокот од денот се јадат овошје и зеленчук во неограничени количини.