Кај нас го има многу, а важи за овошје со најсилно антиоксидантско дејство во светот!
За доручек можете да си направите овошен јогурт од сливи така што на обичниот јогурт ќе му додадете исецкани и излупени сливи и мед по желба. А доколку самите дома си печете леб, во подготовката на тестото можете да му додадете и половично испечени сливи во рерна. Се печат на 200 степени. Вака спремениот домашен леб е многу сладок, здрав и вкусен.
При купувањето на сливи, бирајте ги оние цврстите, неоштетени и со петелка. Површината треба да им е малку заматена, што покажува дека сливите се добро третирани.
Во фрижидер можат да се чуваат најмногу три дена, бидејќи брзо презреваат. Чувајте ги во посебна хартиена ќеса, бидејќи со презревањето ослободуваат и етилен кој го забрзува зреењето на другите овошки и зеленчуци кои се наоѓаат во фрижидерот.
Кога ќе ги извадите од фрижидер, треба извесно време да отстојат на собна температура, бидејќи на тој начин им се враќа максималната сочност и слаткост.