Заменик министерот за здравство најави национална стратегија за елиминирање на хепатит Ц до 2030 година
Хепатитот е светски проблем. Република Македонија односно новата Влада во својот акциски план, во Стратегијата за 2018 до 2030 година предвидува активно учество следејќи ги прописите и препораките на СЗО за елиминирање на хепатитот Ц до 2030 година, а за редуцирање на појавите од хепатит Б, изјави денеска заменик-министерот за здравство, Гоце Чакаровски.
Тој рече дека во таа насока и со ребалансот на буџетот предвиделе зголемување од 10 милиони денари за нови лекови и превентивни програми.
– Сега буџетот на Клиниката за инфективни болести изнесува 180 милиони денари. Се надевам дека со новиот буџет за 2018 година ќе ги зголемиме тие средства со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните, додаде Чакаровски, кој присуствуваше на акцијата за бесплатно и анонимно тестирања за Хепатит Ц се одржа денеска во ТЦ Рамстор мол во Скопје, по повод Светскиот ден за борба против хепатит, а во организација на Хепар Центар Битола.
Милан Мишковиќ од Хепар Центар Битола истакна дека се во преговори со Минстерството за здравство и почнато е формирање одредена Комисија која ќе работи на оваа проблематика за формирање национална стратегија за елиминација на хепатитот во Македонија. Според него, тоа ќе значи постепено вклучување на сите заболени на новата иновативна терапија