Зошто магнезиумот е неопходен за здравјето?
Заедно со калциумот и витаминот Д, магнезиумот е важен за изградба на коскеното ткиво, метаболизмот на храната, производството на енергија како и за синтеза на протеините и масните киселини. Зголемениот внес на магнезиум се препорачува кај лицата кои се под хроничен психофизички стрес, кај дијабетичарите и кај постарите лица над 50 години, кај кој дефицитот на овој минерал е најизразен.
Клиничките студии покажуваат дека магнезиумот е ефикасен во превенција на различни заболувања.
Главоболка
Магнезиумот допринесува кон намалување на чувствителноста на секојдневниот стрес и тој ја намалува зачестеноста на главоболките кај лицата кои патат од мигрена.
Грчеви
Поради губење на минералите, посебно во летниот период, многумина се соочуваат со грчеви, посебно во мускулите на долните екстремитети. Магнезиумот ги ублажува овие непријатни грчеви, а исто така помага и во ублажување на тегобите за време на ПМС-от.
Нервоза
200 до 400 милиграми магнезиум на ден ги опушта мускулите и периферните нерви, и со тоа пружа чувство на блага релаксација.
Несоница
Магнезиумот е природен седатив, а неговиот недостаток во организмот може да предизвика пореметување на сонот, анксиозност, нервоза, запек и грчеви во мускулите.
Здраво срце
Магнезиумот го нормализира срцевиот ритам, го намалува високиот крвен притисок и го одржува тонусот на крвните садови. Исто така, тој помага и во регулирање на зголемениот шеќер во крвта.