По две години повторно регистриран случај на западнонилски вирус во Грција

Грчкиот центар за контрола и превенција на болести (КЕЕЛПНО) сооптши дека во Грција е потврден првиот случај на западнонилски вирус, додавајќи дека минатата и во 2015 година во земјата немало случаи на овој вирус кај луѓе.

Лицето кое го има вирусот, живее во земјоделска област во Арголида, на Пелопонез. КЕЕЛПНО соопшти дека не е можно да се предвиди каде може да се појави вирусот, советувајќи ги жителите и туристите да се заштитат од комарци, кои ја пренесуваат болеста.

Спорадични случаи на западнонилска треска кај луѓе во Европа се појавиле уште во 60-тите години од минатиот век. Во Грција оваа болест првпат се појави во 2010 година, кога заболеа 262 лица, од кои 35 починаа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.