До среда нов топлотен бран со температури над 40 степени!

До вторник и среда, кога се очекуваат над 40 степени во најтоплите делови од Македонија, продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.

Според УХМР, утре попладне во планинските предели ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст.

Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу пет степени се очекува во четврток и петок.

Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.