Привремените тетоважи се штетни!

Привремените тетоважи базирани на пигментот Хена се штетни, предупредуваат експерти од Американската асоцијација на прехрамбена и лекарска администрација ФДА.
Причина за можни здравствени компликации е хемикалијата PPD (P-фенилендиамин) кој се додава на црната Хена, и најчесто се користи во боите за коса. По ставањето на тетоважата алергиската реакција може да се случи веднаш, но најчесто се појавува до три недели во форма на црвенило, плускавци, губење на пигментацијата, зголемена чувствителност, или лузни, укажуваат експертите.

Иако црвено-кафеавиот природен пигмент Хена е целосно безбеден за употреба, различните видови на црна Хена кои се мешаат со хемикалии за привремени тетоважи не треба да содржат природна Хена.

Поради можните алергиски реакции и зголемениот ризик од појава на разни форми на дерматитис, експертите предупредуваат дека привремените тетоважи треба да се тестираат за присуство на различни хемикалии, но исто така да се ограничи и нивната употреба. Особено е опасно да се ставаат привремени тетоважи во текот на летото, бидејќи топлото време и штетното УВ зрачење го засилуваат дејството на хемикалиите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.