Кои здравствени проблеми ги решава рузмаринот?
Истражувањето на британскиот универзитет Нортумбриа покажува дека етеричното масло од рузмарин помага во јакнењето долгорочната меморија и концентрација.
Според лекарите, ова откритие би можело да им помогне на оние кои забораваат да земат лек, или на оние кои не памтат значајни годишнини.
Со тестовите се покажало дека есенцијално масло од рузмарин ги зголемува шансите за дури 75 проценти да се сетите на некоја задача, во споредба со луѓето кои не биле изложени на мирисот.
Главниот истражувач д-р Марк Мос вели дека претходните истражувања покажале дека мирисот на рузмарин ја подобрува долгорочната меморија и психичките способности.
Според него во текот на истражувањето се фокусирале на способноста на мозокот да во точно определено време се сети на некои закажани обврски што е од суштинско значење за секојдневното функционирање.
Неколку капки од рузмарин биле прснати во тест собата само пет минути пред да влезат волонтерите кои биле иззложени на мирисот на рузмарин. Тие се сетиле на 7 задачи кои ги претходно ги имале испланирано, додека останатите запамтиле само 4 задачи кои им текнувале многу побавно.
Во современите хербални лекови рузмаринот се користи и како благ аналгетик и тоа против мигрена и дигестивни проблеми.