Како да знаете дека имате недостиг на протеини?
Со цел навремено да го препознаете недостигот на протеини во организмот, обрнете внимание на следните знаци.
Висок холестерол
Високиот холестерол може да се јави од неколку причини, а една од нив е и исхраната полна со преработени и засладени намирници. Доколку чипсовите, слатките и готовите јадења ги замените со здрави протеински оброци, нивото на холестерол во Вашето тело значително ќе се намали.
Воспалени мускули
Нископротеинската храна може да резултира со замор, воспаление на мускулите па дури и дебелеење. Протеините се потребни за изградба и правилно функционирање на мускулите.
Пад на расположението и тегоби
Протеините му помагаат на мозокот да синтетизира хормони како што се допаминот и серотонинот, кои се задолжени за подигнување на расположението. Доколку немате доволно протеини во телото, Вие одземате многу важен ресурс, а Вашето расположение опаѓа.
Лошо спиење
Лошиот сон или несоницата честопати се поврзани со нестабилно ниво на шеќер во крвта. Доколку навечер чувствувате глад, изедете некоја високопротеинска намирница бидејќи протеините имаат минимално влијание врз гликемискиот индекс.
Опаѓање на концентрацијата
Протеините се важни за правилни невролошки функции на организмот. Затоа нивниот недостаток доведува до пад на концентрацијата и мотивацијата за работа, како и до потешкотии при учењето.