Црвеното месо е штетно за срцето!
Во црвеното месо се пронајдени Карнитин хемикалии, кои се менуваат за време на престојот во човечкиот организам. Како што пишува Би-Би-Си ова го објаснува големиот број на случаи со високо ниво на холестерол и зголемен ризик од срцеви заболувања.
Бројни студии покажале дека честото конзумирање на црвено месо можат да бидат штетни за здравјето. Од тие причини во Велика Британија не се препорачува повеќе од 70 грама црвено или обработено месо дневно. Ако при јадењето на црвено месо се користи и друг вид на замена на храна ризикот од проблеми со срцето може да биде дури и поголем. Постои потенцијален ризик од додатоци како лецитин и холин или бетаинот кога се користат за подобрување на метаболизмот. Експерименти кај глувците и луѓето укажуваат на тоа дека бактериите во цревата можат е да го “јадат” карнитинот. Карнитинот тогаш се претвора во гас, кој потоа се конвертира во црниот дроб во хемиска TMAO. Тоа е поврзано со таложењето на мастите во крвните садови, што може да доведе до срцеви заболувања и смрт. TMAO значително влијаат на холестеролот и метаболизмот. Оваа студија покажа дека е најдобро што помалку да се јаде црвено месо.