Дебелината во младоста ризик за прерана смрт!

Мажите кои имаат проблем со тежината во раните 20-ти години имаа два пати поголем ризик од своите врсници со просечна тежина да починат пред 55 години, покажуваат резултатите од една данска студија.

Со истражувањето, кое траело 33 години биле опфатени илјадници Данци, кои на почетокот на истражувањето имале 22 години.

Деведесет и седум, односно 1,5 отсто од учесниците имале прекумерна тежина. Нивниот индекс на телесна маса (БМИ) изнесувал 30 или повеќе.

Повеќето испитаници, односно 83 отсто (5.407) имале нормална тежина, односно БМИ изнесувал меѓу 18.5 и 25.

До 55 година кај речиси половина од испитаниците кои страдале од дебелина е дијагностициран дијабетис од типот 2, висок крвен притисок, преживеале инфаркт, мозочен удар, имале попуштени вени на нозете или веќе биле мртви.

Данскиот тим утврдил дека секој поен плус на БМИ го зголемува ризикот од инфаркт за пет отсто, од зголемен притисок и крвните згрутчувања за десет отсто, а ризикот за појава на дијабетис за 20 отсто.

Авторите напоменуваат дека иако оваа студија е спроведена само на мажите, нејзините резултати веројатно ќе бидат слични и кај жените.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.