Таравари нема да го укинува “Мој термин”, но ќе го прилагодува според искуството кое го имал како лекар!

Арбен Таравари, новиот министер за здравство нема да го укине “Мој термин”, но ќе го реформира според личното искуство кое го имал во ординација како лекар. За промените во системот Арбен Таравари утре ќе разговарал со претставници од Управата за електронско здравство.
– Јас сум за промени во Мој термин, а веќе утре ќе имам состанок со претставниците на Мој термин, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Таравари најави дека лекарите ќе добиваат цела плата, нема да има казни туку само месечни парични награди. Планира да ги укине економските директори и со тие пари да ги наградува најдобрите доктори во болницата или клиниката.
– Тие места треба да се укинат и средствата да се пренаменат за неколку успешни лекари во болниците, додаде Таравари.
На 25 годишнината од постоењето на Лекарската комора новиот министер рече дека новата национална стратегија ќе биде устав на лекарите. Таравари довербата на пациентите ќе ја враќа преку успешни приказни за докторите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.