Внимавајте, тетоважите можат да бидат опасни!
Тетоважите, без разлика дали се привремени или трајни, не се безопасни.
Дерматолози предупредуваат дека мастилата за трајна тетоважа се составени од токсични метали, како што се алуминиумот, кобалтот, хромот, бакарот, железото, живата или никелот, кои можат да бидат канцерогени кога ќе се најдат на кожата.
Според нив, и дека пигментите во мастилата можат да предизвикаат егземи, алергиски реакции и други кожни заболувања.
Тетоважите со к’на, исто така, можат да бидат опасни доколку оваа природна супстанца, која инаку не е опасна, се помеша со некои од токсичните производи за да се направат привремени тетоважи.
Дерматолозите нагласуваат и дека посебно внимателни треба да бидат лицата кои имаат бемки или пеги по кожата, како и оние кои веќе имаат некоја кожна болест. На нив им се советува задолжително да побараат мислење од лекар пред да се тетовираат.