Зошто некои знаат што сонувале, а други не?
Сите сонуваме додека спиеме, но малкумина се сеќаваат на своите сонови следниот ден. Научниците истражуваат зошто е тоа така…
Нови истражувања откриваат дека луѓе кои често се сеќаваат на своите сонови побурно реагираат на спомнувањето на нивното име кога се будни. За да го откријат одговорот на ова прашање спроведен е мал експеримент, во кој со електроенцефалографија била мерена мозочната активност на 35 испитаници. Тие слушале музика во позадина и повремено го слушале своето име. Мерењата биле вршени во тек на будна состојба и во тек на сон. Половина учесници во експериментот се сеќавале на соновите речиси секој ден, а другата половина можеле да се сетат на некој сон еднаш или два пати месечно.
При овој експеримент, научниците забележале дека тие кои се сеќаваат на соновите почесто се будат во текот на ноќта. Во просек биле будни 30 минути, а тие кои послабо се сеќаваат на своите сонови, биле будни 14 минути.