Со мали промени можете да живеете подолго!

Позитивни промени во начинот на живот , како што е здрава исхрана и вежбање може да го забават процесот на стареење, покажало истражувањето објавено во The Lancet Oncology . Истражувачите од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско покажаа дека одредени промени во животниот стил може да ја зголемат должината на теломерите . Теломерите се наоѓаат на краевите на хромозомите , заштитувајќи ги од оштетувања и го контролираат процесот на стареење. Ако теломерите се скратени или оштетени , клетките стареат побрзо и изумираат со тоа го забрзуваат процесот на стареење.
Истражувачите тврдат дека биолошката возраст може да се предвиди од должината на теломерите . Краток теломер е поврзан со зголемен ризик од предвремена смрт и болести поврзани со возраста , вклучувајќи и рак ( на дојка , рак на простатата , дебелото црево и на белите дробови) , срцева болест , васкуларна деменција и дебелина. За истражувањето, авторите анализирале две групи на мажи дијагностицирани со низок ризик од рак на простата. И во двете групи немало конвенционално лекување како што се операција или зрачење .

Испитаниците од првата група го промениле нивниот начин на живот , па во исхраната вовеле житарици, овошје и зеленчук , управување со стресни ситуации преку специјални техники, како што се медитација и јога, имале повеќе интима како и социјализација со други луѓе. Во втората група не биле воведени никакви промени.
Истражувачите ја мереле должината на теломерите на почетокот и повторно на крајот , после пет години . Позитивните промени во животниот стил ја зголемиле должината на теломерите. Во првата група каде животниот стил бил променет теломерите биле зголемени за 10 проценти , додека кај мажите кои не ги промениле навиките се скратиле за 3 проценти.

Истражувачите истакнуваат дека наодите во овој релативно мал пилот-проект може да бидат применети и кај други болести не само на рак на простата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.