Оваа храна штити од рак!

Може ли здравата исхрана да штити од рак? Светскиот фонд за истражување на ракот проценува дека околу 34 проценти од случаите на рак се поврзани со животните фактори, вклучувајќи ја и исхраната. Добрата вест е дека многу истражувања покажуваат позитивни ефекти на храната врз ракот.

Брокула

Штити од многу видови на рак , вклучувајќи го оној на белите дробови, дебелото црево , рак на дојка на мочниот меур и рак на простатата .

Дејствува затоа што, малку горчливиот вкус на брокула и сродните растенија како зелка и карфиол – се смета за главна причина за позитивните ефекти во борбата против ракот. Во лабораториски истражувања докажано е дека горчливите соединенија исотиоцијанати и глукозинолати го попречуваат ширењето на ракот.

Лук

Заштитува од многу видови на рак, вклучувајќи рак на желудникот , дебелото црево, устата и грлото. Соединенијата со лук имаат силни анти-канцер средства . Сите растенија од фамилијата меѓу кои се и  празот и кромидот , исто така, ги содржат овие соединенија. Во лабораториските истражувања , хемиски предизвиканиот рак бил прекинат од активни состојки добиени од алицин ( кој доаѓа од лук) . Истражувања врз луѓето покажале  помал ризик од појава на неколку видови на рак кај оние кои многу јаделе лук во споредба со оние кои воопшто не пробале. За да се добие најдоброто од лукот најдобро е да се здроби пред употреба или готви на тивок оган.

 

Зелен чај

Заштитува од многу видови на рак, вклучувајќи ги и оние на мочниот меур , желудникот и дебелото црево.Најважната состојка за рак во зелениот чај е EGCG ( epigallocatechin – 3 – галат ), моќен антиоксидант, кој ја стопира штетата на генетското во лабораториските култури . Во истражувањата врз животни  ги стопира и  туморите да формираат сопствен доток на крв што значи не можат да растат.  Зелениот чај има помалку кофеин од црниот чај или кафе , но ако се пие во големи количини може да предизвика проблеми како што е несоница.

Јогурт

Заштитува од рак на дојка и рак на дебелото црево . Пробиотици и други корисни бактерии кои се наоѓаат во јогуртот влијаат на доброто  варење на храната и на имунолошкиот систем. Во истражувања врз животни докажано е дека редовно внесување на јогурт го зголемува нивото на имунолошките анти-канцер соединенија, како што е интерферон и  природните клетки убијци. Најдобар е јогуртот кој одржи живи активни култури.

Портокали и моркови

Штитат од  рак на белите дробови и други видови на рак.Тие се богати со антиоксиданси , витамин Ц и бета-каротен. Сите овошје и зеленчук содржат антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали кои може да доведат до рак. Исхраната богата со овошје и зеленчук е поврзана со намален ризик од рак на белите дробови и други видови на рак. Но земањето  бета-каротен како додаток во исхраната не е ефикасно. Всушност, бета-каротин додатоците го зголемуваат ризикот од рак на белите дробови и морталитетот кај пушачите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.