Какви обичаи имаат државите кога ќе се роди бебе?

Во Јапонија вообичаено е дел од папочната врвца на детето да ја чуваат во дрвена кутија . Обично покрај кутијата има и фигура на дете кое спие во кимоно. Персоналот од јапонските болници ја пакува врвцата и ја предава на мајките при напуштање на болницата. целта на овој чин е да има  позитивен однос меѓу бебето и мајката.
Бебињата родени во Данска и Шведска ги челичат уште мали. Таму е нормално да ги изнесуваат на ладен ветар. Студениот воздух го стимулирал апетитот а и бебето и подобро спие.
Во Финска, повеќе од 75 години мајката со бебето  од породилиште  добива  кутија полна со облека, козметика и медицински помагал. На почетокот тоа важело само за сиромашните семсјства, но подоцна прераснало во една убава традиција.
Во модерниот Египет е зачуван еден стар обичај . Бебињата ги ставаат во сито кое потоа го нишаат. После тоа, мајката на  новороденчето го става на ќебе на подот и на градите става нож кој треба да ги истера злите духови. Во исто време, гостите и членови на семејството покрај бебето ставаат подароци и накит.
Мајката потоа го прескокнува бебето седум пати , бидејќи седум е магичната бројка во Египет. Така, на пример, само седум дена по раѓањето на бебето се објавува дека има новороденче во куќата.
Кога бебе во Ерменија ќе го добие првиот заб, се прави ритуал. Бебето се става на подот и околу него предмети: книга , топка , стетоскоп , една четка  … На овој начин родителите сакаат да предвидат што ќе прави детето кога ќе порасне
Во Кина кога бебето има еден месец се прави семејна веселба каде што гостите му носат подароци на бебето, а родителите на детето на гостите им даваат  јајца насликани во црвена боја како симбол на среќен живот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.