Зошто треба да јадете цели домати?
Доматите можат да го забават развојот на ракот на желудникот, но треба да се јадат цели, открија италијански научници, пренесува „Дејли мејл“.
Откритието ќе овозможи истражувања како да биде спречен ракот на желудникот, како и како да се користат диети во поддршка на вообичаените третмани.
Резултатите на научниците од центарот за онколошки истражувања во Мерколиано покажуваат дека доматите ја намалуваат способноста на клетките на ракот да се дистрибуираат и развиваат, како и да предизвикуваат нивна смрт.
Специјалистите работеле со екстракти од врстата „Сан Марџаро“и „Корбарино“ кои се вообичаени во нивната земја.
Откритието е спротивно на досегашните резултати, според кои користа од доматите се должи на специфични соединенија како ликопен.