Дали честото мокрење може да е знак за дијабет?
Ако забележите дека детето е уморно, слабо спие, пие повеќе течности и често мокри па дури и ноќе оди во тоалет, апетитот е зголемен а килограмите се “топат” неопходна е контрола кај лекар. Иако многу родители често се сомневаат на замор или уринарна инфекција, зад овие симптоми се крие дијабетес.
Кај 95% од децата станува збор за дијабетес тип 1. Тоа се случува поради губење на бета клетките во панкреасот одговорни за секреција на инсулин. Болеста се карактеризира со апсолутен недостаток на инсулин и единствена можност за лекување е негово надоместување.
– Најчесто се одложува дијагноза на дијабетес, затоа што родителите симптомите ги припишуваат на други болести, велат ендокринолози. Според нив родителите секогаш прво се сомневаат на уринарна инфекција ако детето повеќе мокри. Советуваат дека уште при првите симптоми е потребна анализа на урина. На тој начин ќе се намали бројот на децата кои добиваат комликации и итно им е потребен инсулин.