Мажите или жените -Кој почесто страда од срцев удар?

Фактори кои влијаат на зголемен ризик од срцеви заболувања се исхраната, стресот и недостаток на физичка активност, а голема улога има и менталното здравје.
Жените помлади од 55 години кои боледуваат од умерена или тешка депресија имаат двојно поголема шанса за развој на фатални срцеви заболувања, како што е и срцев удар (миокарден инфаркт), открива истражувањето објавено во списанието “Journal of American Heart Association”.
Во истражувањето биле вклучени 3237 мажи и жени од сите возрасти кои имале болести на срцето и крвните садови, исто така, земајќи ги  во предвид и симптомите на депресија за е изминатите три години. Резултатот покажа дека жените до 55 години имаат 2,2 пати поголеми шанси за добивање на миокарден инфаркт, па дури и смртен исход предизвикан од него ако покажале знаци на умерена до тешка депресија.
29 отсто од жените под 55 години со клиничка дијагноза на депресија покажале зголемен ризик од развој на срцеви заболувања. Наодите од истражувањето исто така покажале дека депресијата може да биде причина за развој на срцеви заболувања, а тоа може да објасни зошто се повеќе жени отколку мажи умираат од срцев удар, велат истражувачите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.