Инстант супите го забрзуваат стареењето!
Храната со висока концентрација на шеќери, маснотии и сол го забрзува стареењето затоа што ги оштетува клетките и претставува стрес за организмот, што е причина и за брзо физичко стареење на телото.
Така на пример инстант супите од кесички, кои се популарни затоа што брзо се подготовуваат, се штетни бидејќи една чинија може да содржи 800 до 1.000 милиграми натриум, што доведува до потеченост и задржување на течноста во организмот што предизвикува притисок врз телото, пишува „Дејли Мејл“.
Исто така, изненадува фактот дека многу натриум има и во сосовите, маринадите, житарките, вегетаријанските бургери, смрзнатиот зеленчук и пилешките гради.
Меѓу продуктите кои го поттикнуваат стареењето, покрај инстант супите, се и пицата и колачите, а храната која помладува опфаќа овошје, зеленчук, млеко, јаткасти плодови и риба.