Колку и треба на жената по породување да се врати во нормална состојба?
Научниците овојпат тврдат дека пресметале колку точно време е навистина потребно за една жена физички и психички потполно да се опорави од бременоста – и тој број е значајно поголем.
Доктор Џули Вреј од Универзитетот Салфорд во Велика Британија и нејзиниот тим утврдиле дека на една жена и е потребен период од една година за во потполност да заздрави од породувањето. До таквиот заклучок дошле после разговорот со група од жени коишто се породиле два до седум месеци претходно.