Што да јадете доколку сте анемични

Анемијата значи  зголемени потреби за железо, нарушување во апсорпцијата на железото од дигестивниот систем, намален внес на железото преку исхраната и  разни болести, хронични крвавења.

Освен железото, за квалитетно работење на црвените крвни зрнца потребен е витамин Б12 и фолат. Црвените крвни зрнца го пренесуваат кислородот од белите дробови во сите делови на телото. Без доволно витамин Б12 и фолна киселина, црвените крвни зрнца не се доволно развиени и не можат квалитетно да ја извршуваат својата функција. Примарниот недостаток на железо се манифестира во црниот дроб и коскената срцевина, по што доаѓа до намалено создавање на црвенитe крвни зрнца и најпосле дури доаѓа до развивање на анемијата.

Анемијата е многу честа кај повозрасните лица, особено кај жените во репродуктивната доба. Популација што најчесто заболува од анемија се новороденчињата, децата, адолесцентите и трудниците.
Најчестите симптоми на анемијата вклучуваат замор, истоштеност, кршливи нокти, слаба коса, намален апетит, бледа боја на кожата, главоболка, краток здив, проблеми со концентрацијата, вртоглавица, зуење во ушите, нерегуларен ритам на срцето, синдром на немирни нозе и друго.

Железо

Недостатокот на железо често се спомнува како причина за анемијата, иако не мора секогаш да биде така. Железото е битен елемент за функционирање на човечкиот организам, што учествува во транспортот на кислородот, растот и делбата на клетките како и во многу други биохемиски процеси. Железото е вградено внатре во црвените крвни клетки и примарно служи за транспорт на кислородот во крвта. Железото освен во крвта, во организмот се таложи во резервите што ги користи кога доаѓа до зголемување на побарувачката: бременост, поголеми телесни напори, болест… Во тој случај, железото се троши од залихите, па битно е да се надомести преку храната. Ако исхраната не е соодветна, а склони сме кон намалување на нивоата на железото во крвта, може да дојде до развој на анемија.

Храна богата со железо и апсорпција

Црвеното крто месо и внатрешните органи се меѓу најбогатите извори на железо. Железото што се наоѓа во наведените производи е хем-облик на железо, кој е подостапен за апсорпција во човечкиот систем за варење од, на пример, растителниот, не-хем извор на железото. Растителни извори на железо се разниот зелен лиснат зеленчук, мешунките (грав, грашок, леќа), семките и некои јаткасти плодови, каде што железото се наоѓа во не-хем облик. Тој облик е помалку достапен за апсорпција, меѓутоа, апсорпцијата на растителниот извор на железо го зголемува витаминот Ц. Токму поради тоа, зелениот лиснат зеленчук комбинирајте го со храна богата со витамин Ц. Белковините од месото може да ја подобрат апсорпцијата на железото од животински извор, додека од друга страна, житарките од цело зрно содржат одредени материи во првиот ред фитати, кои таа апсорпција ја попречуваат.
Во просечниот начин на исхрана дневниот внес на железо преку храната главно ги надминува потребите, меѓутоа апсорпцијата општо е мала (пет-десет отсто од внесеното железо).

Материи што ја попречуваат апсорпцијата на железото

Фитинската киселина/фитати, која примарно се наоѓа во житарките со цело зрно, ја попречува апсорпцијата на железото (калциум и цинк) од храната. Фитатите во исхраната нема да предизвикаат тегоби, освен ако не се консумираат во преголеми количини. Калциумот исто така ја намалува апсорпцијата на железото, па храната богата со калциум и додатоците на исхраната на база на калциум не би требало да се земаат во исто време кога и храната богата со железо. Останатите инхибитори ги вклучуваат фосфатите, танинот (зелен чај), оксалатите и карбонатите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.