Митови и заблуди за коронавирусот

Како се доближува корона вирусот до нашите простори, така населението станува повнимателно, но се отвора и можност да се верува во некои митови и заблуди. Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјалната страница ги објави таканаречените myth busters со цел да се откријат вистините и заблудите околу овој вирус.

Дали автоматските сушачи на раце се ефективни против вирусот?

Одговорот е НЕ. Овие сушачи што можат да се најдат во тоалетите не се ефективни во борбата против корона вирусот. За да се заштитите од ширење на оваа зараза, треба почесто да ги миете со средство на база алкохол или со сапун и вода.

Дали ултравиолетовите лампи за дезинфекција може да го уништат корона вирусот?

УВ лампите не би требало да се користат за стерилизирање на рацете или други делови од кожата бидејќи тие зраци можат да предизвикаат иритација на кожата.

Колку се ефикасни термалните скенери за детектирање на сомнителни случаи на заразено со корона вирусот?

Термалните скенери се ефективни бидејќи детектираат луѓе кои имаа покачена телесна температура. Сепак, не можат да детектираат луѓе кои се инфицирани, но немаат други симптоми. Тоа е така бидејќи потребни се од два до 10 дена пред луѓето да ја развијат болеста.

Дали распрскување на алкохол или хлор низ целото тело може да го уништи корона вирусот?

Одговорот на СЗО е НЕ, бидејќи тоа нема да ги уништи вирусите што веќе се навлезе во телото. Напротив, ова може да биде штетно за облеката или за носот или устата. Алкохолот и хлорот можат да се користат како средство за дезинфицирање, но потребни се соодветни препораки за нивно користење.

Дали е безбедно да се прими писмо или пратка од Кина?

Да, безбедно е, уверуваат од СЗО. Луѓето кои примаат пратки од Кина не се под ризик да заболат од корона вирусот. Од претходните анализи е утврдено дека вирусот не преживува на предмети, како што се писма или пратки.

Дали домашните миленици можат да го рашират овој вирус?

Досега нема доказ дека домашните миленици можат да заболат од корона вирус. Секако, најдобра препорака е да ги измиете рацете откако сте имале контакт со миленичето. На тој начин се заштитувате од различни бактерии, како што се ешерихија коли или салмонела, што можат да се пренесат од животни на луѓе.

Дали вакцините од пневмонија заштитуваат од корона вирус?

Не. Вакцините против пневмонија не обезбедуваат заштита од овој вирус. Корона вирусот е нов и различен, поради што е неопходно да биде направена вакцина специјално за него. Научниците се трудат да развијат вакцина против 2019-nCoV.

Дали распрскување физиолошки раствор во носот може да спречи ширење на вирусот?

Не постои доказ што покажува дека редовното прскање физиолошки раствор во носот може да ги заштити луѓето од корона вирусот. Постојат ограничени докази дека оваа активност може да им помогнат на луѓето полесно да се излечат од настинка.

Дали лукот може да спречи инфекција со корона вирус?

Лукот е многу здрава намирница, бидејќи има антибактериско дејство. Но, сепак не постојат докази дека јадењето лук ги заштитува луѓето од корона вирусот.

Дали маслото од сусам може да спречи вирусот да навлезе во телото?

Не, бидејќи сусамовото масло не го уништува корона вирусот. Постојат хемиски средства за дезинфекција што можат да го уништат вирусот од површините. Сепак, тие имаат минимално или никакво влијание доколку ставите ги ставите на кожата или под носот, па дури може да биде и опасно по здравјето.

Дали корона вирусот ги погодува постарите или помладите луѓе?

Луѓе од различна возраст можат да се заразат од овој вирус. Постарите, како лицата кои веќе имаат одредени здравствени проблеми (астма, дијабетес, кардиоваскуларни проблеми) се полесна “мета“ на овој вирус. СЗО ги советува луѓето од сите возраст да се заштитат од вирусот, најмногу преку добра лична хигиена.

Дали антибиотиците се ефективни во спречување и лекување на корона вирусот?

Не, бидејќи антибиотиците не служат за борба против вирусите, туку само против бактериите. Корона е вирус, па затоа антибиотиците не служат за превенција или третман.

Дали има некој посебен лек што спречува и лекува корона вирус?

До денес не постои специфичен медицински лек што може да се препорача за таа намена.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.