Еве зошто треба да јадеме бадеми

Секојдневното консумирање на бадеми драстично ја намалува појавата на рак на дебело црево. Богати се со мононезаситени масти, какви што има во маслиновото масло.

Во едно од истражувањата, научниците од American Heart Association открија дека честото консумирање на јаткасти плодови е поврзано со помал ризик од хипертензија, кардиоваскуларни заболувања, па дури и рак.

Bright Side наведува уште неколку причини зошто е добро да јадете бадеми.

Ги намалуваат акните

Според истражувањето објавено на Националниот институт за здравје, пациентите кои имаат акни имаат 9% помалку витамин Е во нивниот крвоток. Со консумација на бадеми може да ги излечите акните и да ја подмалите кожата. Бадемите се полни со витамин Е.

Подолго време ќе бидете сити

Кога ќе добиете желба за благо земете неколку бадеми. Ова ќе ве засити, а во исто време и ќе ве спречи да се прејадете. До ситоста доаѓа од протеините, влакната и мастите кои изобилуваат во бадемите. Експертите велат дека треба да ги џвакате подолго време наместо да ги јадете во секунда.

Го намалуваат холестеролот

Бадемите помагаат во прочистувањето на артериите и намалување на лошиот холестерол. Исто така, ја намалуваат количината на шеќерот во крвта благодарение на минералите кои се наоѓаат во нив.

Подобро варење на храната

Бадемите се одлична храна за дигестивниот тракт. Не само што ја подобруваaт цревната микрофлора, туку и го зголемува бројот на добрите бактерии. Исто така, го намалува и бројот на лошите бактерии кои се поврзани со голем број на проблеми, како што се дијабетес тип 2, срцеви заболувања, ментални проблеми, астма, проблеми со кожата.

Ја намалуваат болката по породувањето

Во Индија постои долгододишна традиција за консумирање на бадеми како природен лек за регулирање на протокот на хранливи материи низ дигестивниот систем и зголемување на енергијата.

Што е подобро: сирови или печени бадеми?

Нема разлика. И печените бадеми со сол содржат иста количина на хранливи материи како и сировите бадеми.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.