Ако ставате капаче врз четката за заби, може да се разболите
Четките за заби најчесто ги чуваме во тоалетот, некогаш затворени во посебно орманче или пак, во чаша покрај мијалникот.
Постојат пластични кутии и пластични капачиња, кои имено, служат за да ги заштитат четките од честиците кои сакале ние или не, секако ги имаме во тоалетот и се распрскуваат од школката подалеку отколку што мислиме. Но, дали е тоа навистина правилниот начин?
Всушност, вака вие не дозволувате четката да се исуши по користењето и создавате идеални услови на неа да се размножат многу поризични бактерии и спори на мувла, кои веќе со следното користење лесно ќе ги внесете во вашата уста.
Тоалетите и онака се доста повлажни од другите простории во домот, а тоа не оди во прилог на чувањето на четките за заби, но и козметичките производи воопшто. Најправилно е да се што подалеку од тоалетната шолја, во посебен сад или по можност, во орманчето со огледало, каде ќе обезбедите проток на воздух за да може да се исуши.
А кога патувате, внимавајте четката да е сува кога ја пакувате (или земете нова) и користете кутии со отвори низ кои ќе има каков-таков проток на воздух.