Оваа билка ја нарекуваат “Еликсир на младоста”
Алое вера е билката која се користи ширум светот за лекување на многу тешки и сериозни болести како што е ракот.
Оваа лековита билка потекнува од Северна Африка, а со изгледот потсетува на кактус и во себе содржи доста вода.
Богата е со витамини и минерали, особено со витамин Ц, Е и цинк. Има антибактериско дејство, па поради тоа, успешно спречува развој на голем број инфекции.
Постојат многу видови на алое, но само неколку видови се лековити. Најмоќни и најлековити се Aloe arborescens (krantz aloe, candelabra aloe) и Алое вера/Aloe vera. Алое Пери/Aloe perryi и алое Ферокс/Aloe ferox имаат лековити својства, но не се толку силни и ефикасни како Алое вера. Овој вид алое е познат и како Кејп алое/Cape aloe, алое Барбадос/Barbados aloe и алое Куракао/Curacao aloe (побарајте ги на Гугл за да видите како изгледаат).
Алоето во Русија е познато како “Еликсир на младоста”, додека старите Египќани ја нарекувале билка на бесмртноста. Во некои краишта ја нарекуваат уште и “кралица на лековитите билки”.
Според уникатните лековити моќи била добро позната и користена во кинската традиционална медицина.
Алоето, несомнено се смета за најлековитата билка на планетата. Таа е надалеку позната по тоа дека има големо влијание врз здравјето, а истовремено се користи и во козметичката индустрија.