Три рецепти за природен лек за херпес

Како природно да го излечите херпесот?

Херпесот на усните е многу непријатна појава. Покрај тоа што пецка и чеша, може долго да трае и да претставува естетски проблем.

Херпесот инаку е последица на инфекцијата од вирусот Herpes implex, а се пренесува преку бакнежи како и со употреба на заеднички прибор за јадење. Откако ќе се заразиме, овој вирус е постојано присутен во телото, скриен во нервите близу устата и носот, а на површина избива откако ќе ни падне имунитетот.

Рецепти за лечење херпес:

Направете густа смеса од три покрупни парчиња лук, ситно изрендан и 100 г мед. Со оваа смеса мачкајте ги инфицираните делови.

Од херпесот може да се ослободите и ако го мачкате со 3 процентен хидроген или масло од тиква кое може да го купите во продавниците за здрава храна.

Уште еден природен лек за херпес е брашното од хељда, Едноставно, една лажичка брашно прелијте ја со две шолји зовриена вода, малку варете и добиената смеса мачкајте ја на инфицираните делови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.